Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангеловски беше припадник на специјалците „Тигри“ и немаше други коморбидитети: Д-р. Неделкова за Фактор

Ангеловски беше припадник на специјалците „Тигри“ и немаше други коморбидитети: Д-р. Неделкова за Фактор

Меѓу вчерашната црна бројка од 15 починати, е и 41-годишниот Игрор Ангеловски од Велес, кој со Ковид-19 се борел повеќе од 20 дена. Од велешката болница за Фактор изјавија дека кај нив бил хоспитализиран на 7.октомври, но по една недела, откако состојбата му се влошила, пациентот итно бил префрлен на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

-Пациентот беше поранешен припадник на специјалната единица „Тигри“ и беше физички активен и силен. Колку што ние знаеме, тој немаше други здравствени состојби или коморбидитети. Во Општата болница во Велес беше примен на 7 овој месец, но по неколку дена состојбата му се влоши. Со сатурација некаде под 70, итно го префрливме во Скопје, на Инфективната клиника. За жал последниве неколку денови уште повеќе му се влошила здравствената состојба, по што и почина, вели за Фактор, д-р. Весна Николовска Неделкова, од Општата болница Велес.

Инаку, бројот на починати во октомври, до денеска е 209, а само во последните десеттина дена починаа 113 пациенти. Дел од нив имаше пациенти и на 35 и 36 години, кои ја изгубија битката со корона вирусот.

А.Б. 

Слично

Поврзани вести