Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангел Димитров за немањето напредок од последната средба ги обвини македонските колеги

Ангел Димитров за немањето напредок од последната средба ги обвини македонските колеги

Бугарскиот копретседавач на заедничката експертска Комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров за Бугарската национална телевиизја (БНТ) изјави дека на последната средба на Комисијата не е постигнат никаков напредок. 

Според него,  македонските историчари сакале „да го сведат разговорот на нешто што е далеку од суштинска анализа на работата на Комисијата” и „да бранат нешто што е неодбранливо”.

„Секогаш треба да се бара повеќе од една гледна точка и тоа не значи дека изворите треба да се занемарат и историјата да се толкува како што секој ќе посака. Нашите колеги ја следат политичката линија на нивното раководство – да не признаваат дека постои заедничка историја и да ги држат работите во неизвесност. Тие обвинуваат дека бугарската страна ја политизира темата, бидејќи во нашата земја не е избрана нова влада“, рече Димитров.

Македонскиот копретседавач на Комисијата, Драги Ѓоргиев во саботата во дневникот на ТВ Сител, изјави дека на последните три средби немало желба за напредок кај бугарските колеги. Тој рече дека тоа е поради политичката ситуација во Бугарија. 

Австрија е земјата која се понуди по втор пат да посредува во односите меѓу Скопје и Софија околу спорот. 

Австриската влада нема разбирање за бугарското вето кон Македонија, и пред некое време се изјаснија дека понудиле токму во Виена, како неутрално место да продолжат разговорите, но биле одбиени.

Слично

Поврзани вести