Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангел Димитров вели дека во Македонија мора да се случи катарза

Ангел Димитров вели дека во Македонија мора да се случи катарза

Бугарија не смее да си дозволи да ѝ се врши притисок, проблемите се во Северна Македонија, вели бугарскиот историчар Ангел Димитров. 

Претседателот на мешовитата бугарско-македонска историска комисија, Ангел Димитров како што пишуваат бугарските медиуми изјавил дека Бугарија треба да ја брани својата позиција.

„Ако сме сигурни во нашата позиција, тогаш треба да ја браниме истата. Ова е паршање на достоинство. По 2018 година двете делегации се таму, но има само средби, а не и заедничко чествување“, вели Димитров.

Рече дека мора да се сретнат со македонските колеги. 

„Катарзата мора да се одвива во нивната држава бидејќи се уште нема критичка анализа на сопственото минато“, вели Димитров.

Бугарија нема да го тргне ветото за Македонија. Бугарскиот претседател Румен Радев и порача на Владата дека треба да биде свесна дека во однос на Македонија има силен национален консензус и доколку се наруши дијалогот во самата владејачка коалиција мора да се знае кои се причините.

Слично

Поврзани вести