Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангел Димитров вели дека разговорите тргнале добро, но нешто се сменило во последен момент

Ангел Димитров вели дека разговорите тргнале добро, но нешто се сменило во последен момент

До вчера напладне работите одеа добро во разговорите на заедничката историска Комисија, но, нешто се смени во последен момент, вели копретседателот на бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија, професорот Ангел Димитров. 

Тој го коментираше 15-от состанок на Комисијата, кој вчера и денеска се одржа онлајн. Вели дека неговите колеги од Македонија не дозволиле идеја за постоење заедничка историја. Димитров даде пример дека, како што рече, „тие не сакаат заеднички да ги слават заедничките личности и дека не се воделе од нивните биографии“. Како пример ги наведе браќата Миладинови кои имаат годишнина во 2022 година. Димитров вели дека имало сличен пример со Гоце Делчев, кој исто така има јубилејна годишнина во 2022 година. Историчарот додаде дека ќе биде тешко да се излезе од периодот на 10 и 11 век, за кој разговараат историчарите.

Еден од историчарите од македонска страна денеска се повлече од работата на комисијата и обвини дека има притисоци од висок функционер во МНР. 

Слично

Поврзани вести