Аневски образложи зошто поднел оставка
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, кој денеска поднесе оставка од функцијата изјави дека се повлекува поради лични и семејни причини.
Тој повеќе нема да биде претседател на Советот, но ќе остане како член.
Советот на јавни обвинители денеска одржа седница на која беше донесена одлука, обвинителката Лилјана Спасоска да биде в.д. републички обвинител додека не заврши огласот и да се избере нов.
Оставката на Аневски ќе се разгледува во четврток на седница на Советот.Аневски имаше уште една година мандат за оваа функција.
Слично
