Аневски можеби дал суперлатив за Зврлевски но, мислењето не го менува
Претседателот на Советот на јавни обвнители Петар Аневски не го повлекува мислењето за јавниот обвинител Марко Зврлевски дека бил перфектен во својата работа иако смета дека можеби се изразил повеќе во суперлатив.
- Тоа е мислење. Се изразив можеби многу во суперлатив за обвинителот, инаку е добар обвинител. Секој го дели тоа мислење, мислам дека и мнозинството членови во Советот. Нема забелешка на неговата работата, рече Аневски по денешната седница.
Советот на јавни обвинители ја прифати иницијативата на Владата за разрешување на Марко Зврлевски, па сега процедурата продолжува во Собранието на Република Македонија каде ќе се бара неговиот наследник.
Слично
