АНЕВСКИ И ЈАНЕВА во „кавга“ за случајот „Сопот“
Случајот „Сопот“ датира од пред 13 години и затоа СЈО не може да бара овластувања за него, вели првиот човек на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски.
Аневски вели дека Јанева не е овластена за тие настани, но сепак ќе ја повика да образложи зошто го бара предметот и вети дека ќе го разгледа барањето кое е доста обемно.
Наспроти овие тврдења на претседателот на Советот, Катица Јанева вели дека се што произлегува од прислушуваните материјали може да се истражува од специјалните обвинители.
Од институцијата која произлезе со Пржинскиот договор велат дека предметот го бараат врз основа на јавно објавен разговор, наводно воден помеѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.
Вчера и одбраната на тој случај побара „Сопот“ да биде преземен од СЈО.
На што се однесува случајот „Сопот“?
Во 2003 година при експлозија на нагазна мина загинаа двајца полски војници НАТО и еден цивил.
Мината беше поставена на пат во близина на селото Сопот 11 лица од селото кои добија затвор од над 150 години затвор.
