Аневски без коментар за Крвавиот четврток - Ги видел снимките, но не и предметот
Претседателот на советот на јавни обвинители Петар Аневски не сакаше да даде коментар за тоа дали обвиненијата за насилството во собранието на Крвавиот четврток се преблаги за учество во толпа, бидејќи како што рече, немал увид во предметите, а не сакаше ниту даде оценка за тоа што го видел во снимките.
„Од мојата пракса, додека не го видам предметот не можам ништо да кажам. Снимките ги видов, ама не го видов предметот.“ - изјави Аневски.
Инаку Советот на јавни обвинители денеска повторно ја одложи седницата, на која требаше да се изберат двајца обвинители во Вишото јавно обвинителство во Скопје и еден во Републичкото, но немаше поддршка од мнозинството..
Извор: Телевизија 24
Слично
