Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анестезиологот „тиктокер“ од Тетово доби затворска казна од една година и три месеци

Анестезиологот „тиктокер“ од Тетово доби затворска казна од една година и три месеци

Анестезиологот Валтон Дервиши, кој споделуваше видеа од пациенти од Тетовската болница на „Тик Ток“, денеска во Основниот суд Тетово беше осуден на една година и три месеци казна затвор.

Дервиши беше обвинет за несовесно работење и неовластено снимање.На денешната судска седница имаше и сведоци, односно лекари и медицински персонал кои беа присутни кога анестезиологот од Гинеколошкото одделение на социјалната мрежа „Тик Ток“ во живо ги пренесуваше снимките од жените во болницата.

Предметот го водеше судијата Назиф Илјази, кој напомена дека на Дервиши никогаш досега не му се судело. Во меѓувреме, анестезиологот Дервиши рече дека знае за што го обвинуваат, го прифаќа обвинението и дека се кае за тоа што го направил. 

Слично

Поврзани вести