Економија, финансии, бизнис

Контакт

„АНДРЕЈЧУК, МАЛКУМИНА ИМА КАКО ТЕБЕ“: Игор Џамбазов по трагедијата во Кочани емотивно се збогува со фронтменот на ДНК

„АНДРЕЈЧУК, МАЛКУМИНА ИМА КАКО ТЕБЕ“: Игор Џамбазов по трагедијата во Кочани емотивно се збогува со фронтменот на ДНК

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов емотивно и со скршено срце со посбна објава денеска за трагично загинатиот фронтмен на групата ДНК, Андреј Ѓорѓиески. 

- Пријателе...

Немам зборови.

Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам.

Уште помалку да пеам.

Онемев.

Ослепев.

Оглувев.

Оглупавев.

Снеможев.

Андрејчук, малкумина има како тебе.

Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе. Посебни луѓе што би се жртвувале секогаш, за секого, и во секоја прилика.

И кога ќе се видиме горе, ќе си го завршиме муабетот што го почнавме на новогодишната ноќ, кога заедно настапувавме пред среќната публика. Таа, публиката, никогаш нема да те заборави. Јас уште помалку...

Сонувај спокојно... - напиша Џамбазов на Фејсбук


Претходно Џамбазов и посвети пост и на Сара Пројковска која исто така загина во катастрофалниот пожар во Кочарни. 

- Имаше очи што зборуваат. На земја те соборуваат.

А под нив една насмевка вредна вечност. Сарке мила, ќе те паметам дур дишам... - напиша Џамбазов. 

Слично

Поврзани вести