Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андреј Петров: СДСМ треба да ја прoмени перцепцијата кај јавноста дека одработува за ВМРО-ДПМНЕ

Андреј Петров: СДСМ треба да ја прoмени перцепцијата кај јавноста дека одработува за ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров, во емисијата „Тема на дент“ на Сител синоќа рече дека по катастрофалниот пораз на партијата на локалните избори, треба да се вратат внатрепартиските дебати преку кои избивале квалитетни кадри на површина.

- Претседателт е прв одговрен во поразите, а во победите заслугата е колективна. Сум бил сведок на повеќе оставки на претседатели на партијата, мачни биле. Брзи одлуки не се потребни, треба да се преспие па потоа со ладна глава да се направи една длабинска анализа, рече поранешниот градначалник на Карпош.

Тој вели дека поранешниот претседател Бранко Црвенковски со низата објавени фотографии во јавност за време на локалните избори сака да испрати некаква порака и дека тоа не се одвива случајно баш сега. Додаде дека прмената на имет не и нанела штета на партијата, затоа што донесе добробит за државата, туку во прашање се други грешки кои се правеле од раководствата.

- Низа корупциски скандали, заборавање на членството - сте ветиле нешто, не сте исполниле, ставате луѓе на функции кои 100 души не ги знаат. Ако во чаршија никој не ви рече добар ден, не сте за политика Договорот со Бугарија народот го оцени како лош.

Ние имавме дискусии по шест, по седум, осум саати сме останувале на дебати на одборите. Потребни му се на СДСМ квалитетни луѓе внатре.

Во Карпош сум носел 10.000 гласови од нога кога бев во конфликт со Стефчо Јакимовски. 25.000 гласови добивме во 2002, значи 50 отсто од гласачкото тело на Карпош.

Треба да покажат дека не сме во служба на ВМРО-ДПМНЕ и дека ВМРО-ДПМНЕ не ги остварува интересите преку СДСМ, тоа треба да го покажат пред јавноста, рече меѓудругото докторот.

Слично

Поврзани вести