Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андреј Петров: На Ковачевски му реков дека не можам да бидам член на Влада

Андреј Петров: На Ковачевски му реков дека не можам да бидам член на Влада

Андреј Петров во утринската програма на Телма изјави дека неговото членување во Извршниот одбор на СДСМ не подразбира дека ќе биде во иднина министер во новата Влада на мандатарот Димитар Ковачевски.

- Разговорот кој го имав претходно со Ковачевски беше дека мојот ангажман не подразбира влез во Владата. Имам ангажман во болницата и на факултетот, не сакам ништо да работам површно, рече Петров.

Дерматологот и поранешен генерален секретар на СДСМ додаде дека во Ковачевски има голема енергија за сплотување во владеачката партија.

- Сите големи партии имаат комплексност, не можете со сите да имате еднакво добри односи, интереси и културно-социолошки навики. На добар пат е Ковачевски да успее да ги интегрира сите. Верувам во поединечно разговарање со луѓе кои треба да ги убедите да се приклучат во приказната. Ако ништо друго, од негоа страна има волја и енергија тоа да го направи. Кај него гледам желба да ги вклучи сите, рече поранешниот градоначалник на Карпош.

Додаде дека со министерката за одбрана Радмила Шекеринска не се има видено одамна и дека во текот на следната недела би било гласањето на новата Влада, откако претходно би пристигнала предлог-одлуката во Собранието.

Петров не очекува дека ќе има вонредни парламентарни избори во скоро време.

- Ние како опозиција баравме на секои шест месеци парламентарни избори, а Груевски одеше на избори само кога му одговараше. За да има избори, нема друг механизам освен самите пратеници да го изгласаат тоа. Овој период не е погоден за избори, кои сега не би ги решиле бројните проблеми, подвлекува тој.


Слично

Поврзани вести