Андреј Ковачев го праша Заев на каков компромис се надева?
Од бугарски политичари повторно има обвинувања дека се ширело омраза кон Бугарија од македонска страна. Европратеникот Андреј Ковачев, на Фејсбук прaша на каков компромис се надева македонскиот премиер Зоран Заев со обвинувања дека Бугарија има анахрона позиција.
„На какви преговори и компромиси се надевате Заев, со толку обвинувања, лаги и омраза кон Бугарија? Со што се разликувате од вашиот колега и досега неспорен шампион во омразата кон Бугарија, г-н Мицкоски?“, пишува тој.
За можен компромис меѓу двете земји следната година, во интервју за ТВ Европа зборуваше и екс министерот за надворешни на Бугарија, Даниел Митов. Тој вели дека за тоа е неопходен јасен дипломатски чекор за клучните прашања од македонска страна во Светската организација. Заев на вчерашниот панел, организиран од американскиот тинк-тенк Атлантски совет на тема „ Македонија на прагот на Европа", оцени дека позицијата на Бугарија не е многу пријателска и дека пријателите треба да си помагаат, а не меѓусебно да се блокираат. Ковачев е еден од бугарските политичари кој е познат по контроверзните изјави кон Македонија.
