Андреј Ковачев: „Црните списоци“ на Македонија се голема грешка
Овој чекор со „црните листи“ е огромна грешка во Северна Македонија, рече бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кому на 6 ма му беше забранет влез во Македонија поради безбедносни причини.
„Беше огромно разочарување кога дознавме дека оваа гласина за списоци не е гласина. Скопје должи јасни објаснувања зошто го направија тоа“, коментира Ковачев, кому му беше забранет влез во Македонија заедно со бугарскиот бизнисмен Милен Врабески.
„Прво треба да ги слушнеме нивните објаснувања, тие мора да бидат официјални. Односите се менуваат во Европскиот парламент, секој член мисли дека треба слободно да се патува“, објасни европратеникот.
Според него, со министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, разговарале само неколку дена претходно. „Немаше ни трошка сомнеж или предупредување за тоа што ќе дојде“, коментира тој. „Немам објаснување за тоа што се случи. Смешно е ние да пречиме на безбедноста“, рече Ковачев.
