ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНДРЕЈ КОВАЧЕВ БАРА ЗАШТИТА ЗА ДАНЕЛА АРСОВСКА: Вели дека таа е бугарска државјанка

АНДРЕЈ КОВАЧЕВ БАРА ЗАШТИТА ЗА ДАНЕЛА АРСОВСКА: Вели дека таа е бугарска државјанка

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека е загрижен за нападот кој денеска се случи во Скопје врз скопската градоначалничка Данела Арсовска, за која тој вели дека е бугарска државјанка. 

„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија! Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска - бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, пишува Андреј Ковачев на социјалните мрежи.

Вели дека ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло - само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.


„За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, претходниот и претходните премиери на земјата. Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој ракопис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, пишува Ковачев.

Две лица во Чаир ја нападнале Арсовска поради тоа што отворено зборува за дивоградбите. 

фото Фејсбук/Андреј Ковачев

ad
Слично

Поврзани вести