АНДРЕЈ ЌЕ ЖИВЕЕ ВЕЧНО ВО СРЦАТА НА ЛУЃЕТО: Во Аеродром има мурал посветен на пејачот кој загина во Кочани
Во скопската населба Аеродром е направен мурал со ликот на пејачот Андреј Ѓорѓиевски од групата ДНК, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 мај годинава.
Идејата за муралот e na сопственикот на кафулето „Шо има“, Дамјан Јордановски, кој на својот Инстаграм профил објави емотивна порака во која вели дека љубовта кон Андреј и неговата музика секојдневно ја пренесувал преку песните што се слушале во кафулето. Во пожарот загинаа 62 луѓе, а повредени беа скоро 200 луѓе. Дискотеката се запали од употреба на пиротехника. Истрагата треба да заврши до 17 јуни за овој случај.
Фото: Instagram shoima.mk damjanjordanovski
Слично
