АНДОВСКИ: Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба
Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба.
Тие се на лекување во странство. Моментално надвор од Македонија се лекуваат 45 повредени.
„Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба“, изјави попладнево на прес-конференција заменик министерот за здравство, Јовица Андовски.
Денеска треба да пристигне пациент од Солун, кој ќе го продолжи лекувањето на Клиниката за пластична хирургија. На оваа клиника моментално се лекува една пациентка.
Од Ниш утре треба да пристигне еден пациент, кој ќе го продолжи лекувањето во Стара градска, каде двајца се лекуваат таму моментално. Две лица се лекуваат во приватна болница во Скопје.
Повреден кој се лекуваше во Србија, почина, со што бројот на загинати се искачи на 62.Во пожарот беа повредени 200 луѓе.
Слично
