Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андов: Човекот не успеа да го спречи атентатот, а потоа го снема

Андов: Човекот не успеа да го спречи атентатот, а потоа го снема

Човекот не успеа да го спречи атентатот, а потоа го снема, јас пишувам како беше, а не како гледам, изјави вечерва во Само вистина на Канал 5, поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, за екс министерот за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски кој го тужи, и поради што е забранета книгата на Андов.  

Андов вели дека бил сведок на сите тие настани, и е должен на овој народ тоа да му го пренесе. 

Тој објасни дека чекал период со слободно време, без ангажман за да ја напише книгата. 

Тврди дека имало сили кои сакале да го тргнат поранешниот претседател, Киро Глигоров во тоа време. 

„Во таа концепција на Милошевиќ, немаше место за Глигоров“, вели Андов. 

Раскажува дека 150 години имало соработка меѓу српската и грчката држава, и никој не размислувал дека ќе има македонска држава меѓу нив. 

Слично

Поврзани вести