Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андоновски: Во едно министерство има 95 отсто вработени Албанци

Андоновски: Во едно министерство има 95 отсто вработени Албанци

Дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски.во интервју за ТВ Шења рече дека балансерот како институт треба да се укине во иднина затоа што, меѓудругото, го достигнал својот апсурд со 95 отсто вработени Албанци во министерството за политички систем на вицепремиерот Артан Груби.

„Се изигрува законот за вработените во јавниот сектор, со доцнење на одговорот од МИОА, по основ на годишните планови, по автоматизам се дава позитивно мислење на секоја институција, па така имате институции како Министерството за политички систем, каде што 95% од вработените се Албанци, а помалку од 5% се Македонци, со што добиваме комплетен дисбаланс”, појасни Андоновски.

Според заменик-министерот, балансерот не му дава предност на квалитетот, туку на етничката припадност. и најави укинување, како што беше ветено од раководството на ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот конгрес.

„Нашата идеја за напуштање на балансерот ќе оди во две фази. Првата фаза, враќање на балансерот на процентите кои исклучиво се однесуваат на пописот на резидентно население на Република Македонија во 2021 година. Втората фаза пак, планираме целосно укинување на балансерот, односно исклучување на оваа алатка од годишните планови за вработување. Тоа ќе биде дел од коалицискиот договор за идна соработка во Владата” потенцираше Андоновски.


Слично

Поврзани вести