Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНДОНОВСКИ ТВРДИ – ВО АРХИВАТА НА МИОА СЕ ЗАВЕДУВААТ ОДЛУКИ СО ВЧЕРАШЕН ДАТУМ: „За да поминат нелегалните вработувања пред распишување на изборите“

АНДОНОВСКИ ТВРДИ – ВО АРХИВАТА НА МИОА СЕ ЗАВЕДУВААТ ОДЛУКИ СО ВЧЕРАШЕН ДАТУМ: „За да поминат нелегалните вработувања пред распишување на изборите“

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администреација, Стефан Андоновски, денеска во интервју за Курир посочува дека се прават силни приотисоци во архивата на министерството, односно дека се архивираат одлуки со вчерашен датум со цел да се реализираат одредени вработувања.

-Комлетно незаконски, со притисоци врз вработените во архивата на Министерство за информатичко општество и администрација, денес се архивираат одлуки со вчерашен датум. Зашто? За да поминат нелегалните вработувања пред распишување на изборите. Согласно законот за архивско работење член 15 од Уредбата на Владата за канцелариско и архивско работење не е дозволено антидатирање на предмети (заведување на предмети со претходен датум) сите документи/записи, писарницата ги испраќа истиот ден кога ќе ги прими потпишани или најдоцна ден по приемот. Ги повикувам Управниот инспекторат и другите надлежни институции да влезат во Мнистерството за информатичко општество и администрација и да ги испитаат логовите од ДМС системот кога се изработени документите, кога се заведени и со кој датум се заведени. Гарантирам дека одговорност ќе има – или сега или после изборите, вели Андоновски.


Слично

Поврзани вести