Андоновски: Со новиот закон и приватниот сектор ќе се вклучи во сајбер безбедноста
Андоновски: Со новиот закон и приватниот сектор ќе се вклучи во сајбер безбедноста
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на бизнис конференцијата за сајбер безбедност во организација на Македонски Телеком, посветена на новата регулатива за безбедност на мрежни и информациски системи и предизвиците во заштитата на дигиталната инфраструктура.
Тој посочи дека една од клучните промени што ги носи законот е улогата на приватниот сектор, кој, како што беше нагласено, претставува суштински дел од националната сајбер отпорност.
„Најголемиот дел од критичната дигитална инфраструктура се наоѓа во приватниот сектор. Затоа законот не го третира како објект на контрола, туку како партнер во системот на безбедност. Овие обврски не се административен товар, туку механизам за заштита на самото функционирање на компаниите“, посочи министерот.
Андоновски истакна дека сериозен сајбер инцидент денес може да предизвика прекин на работењето, финансиски загуби и нарушување на довербата, поради што безбедноста треба да се гледа како предуслов за одржливост и развој.
