Андоновски: Признаваме, ФФМ згреши со бојата на дресот, беше несреќен избор
Ние ја признавме грешката. ФФМ направи најверојатно несреќен избор и таа вина ја преземаме врз себе и врз службите во Федерацијата како што напомена во соопштението и самиот Сејдини, изјави синоќа за Сител, Златко Андоновски, портпаролот на Фудбалската федерација на Македонија.
Рече дека сакале преку симболот балкански рис, нашиот национален симбол да ја истакнат острината, јачината, карактеристиките на нашиот национален симбол преку македонската фудбалска репрезантација.
„Во однос на бојата сведоци сме дека и многу други репрезантации имаат варијации на својата боја. Меѓутоа ние ја признавме грешката. ФФМ направи најверојатно несреќен избор и таа вина ја преземаме врз себе и врз службите во Федерацијата како што напомена во соопштението и самиот Сејдини. Да не заборавиме дека ракометната репрезентација на Македонија играше во црна боја на Светското првенство во Египет на почетокот на оваа година. Веројатно силината на фудбалот е до тој степен поинаква за да се реагира на тој начин. На крајот на денот се обидуваме да го промениме тоа на начин на кој што велат навивачите и поддржувачите затоа што тие се најбитни, тие го носат и чувствуваат македонскиот дрес, рече Андоновски.
