Андоновски: Парламентарни избори ќе има во 2028
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во денешното интервју за Радио Слобдна Европа на едно од прашањата одговори дека следните парламентарни избори ќе бидат редовни и ќе се одржат во 2028.
- Често сме го зборувале тоа. Ние гледаме дека треба да има избори во 2028 година. Заради структурата на буџетот, заради процесот на реформи коишто се случуваат во општеството. Сметам дека е најдобро владата да го истера целосно својот мандат, за да можеме на крајот на четирите години да кажеме ова е тоа што го ветив во програмата. Ова е она што го испорачавме со нашите можности. Тука можеби потфрливме, тука бевме подобри и застануваме пред граѓаните да тие го кажат својот став.
Се измеѓу би било пресекување на проектите, а со техничката влада и преголемо одолговлекување на некои процеси. А сметам дека бизнисот не треба да трпи и да чека да влегуваме секоја година во избори. Ние впрочем во изминатите години освен 2023 година постојано сме во некаков изборен или референдумски циклус последниве седум или осум години. Што значи стагнација на целосна стагнација на на општеството, рече Андоновски.
