Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис

Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис

За можноста за спроведување електронски попис, за што денеска се осврна и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски истакна дека „имаме капацитет за спроведување“ и дека и во програмната на Владата е ставено дигитален попис да се спроведе во 2026 година.

„Свесни сме за недостатоците на пописот од 2021, за што алармиравме уште тогаш дека методологија не е добра и тоа сега се покажа со одлуката на Уставниот суд. Затоа во почетокот на април бевме задолжени од Владата да формираме работна група за дискусија кои услови треба да се создадат за дигитален попис во 2026“, рече Андоновски.

Посочи дека за таа цел ќе се работи активно на прочистување на базите од други институции за се направи добра подготовка со што дигитален попис би се спровел уште во 2026 наместо редовниот период по десет години.

„Сакаме да ја вратиме довербата на граѓаните во системот. А дали ќе се спроведе тогаш или редовно во 2031, треба да бидеме подготвени“, додаде министерот.

Собранието денеска на 58. седница донесе четири закони за дигитална трансформација од реформската агенда.

Инаку, премиерот кажа дека не можеме да развиваме држава врз основа на лажни податоци. 

фото Фејсбук/Стефан Андоновски

Слично

Поврзани вести