Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андоновски: Болниците се полнат и ако сами не си помогнеме постои можност трагично да ја изгубиме оваа битка

Андоновски: Болниците се полнат и ако сами не си помогнеме  постои можност трагично да ја изгубиме оваа битка

Жалосно е што досега апелите за почитување на мерките не допреа до граѓаните и не вродија со никаков резултат, вели доктор Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања во Козле.

„Жалосно е што сите во ваков миг кога целиот свет е во светска војна со овој невидлив непријател, со оваа смртоносна болест. Сите ние го занемаривме овој факт и за миг заборавивме дека овој невидлив непријател постои и одзема животи. Досега здравствениот систем беше беспрекорно менаџиран, но веќе сме соочени со фактот дека севкупниот персонал иако добро балансиран и раководен веќе е преморен. Болниците се полнат и ако сами меѓусебно не си помогнеме несомнено постои можност да трагично ја изгубиме оваа битка, но пак повторно би поскал да оваа реалност ја свртиме во наша корист и сплотено и со голема свест се здружиме и го победиме оваа зло, оваа болест која е огромен и непредвидлив непријател“, вели Андоновски. 

Во градската болница „8-ми Септември“ има само неколку слободни места.

Деновиве бројките на заразени се алармантни. 

Слично

Поврзани вести