Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андоновска: Бактерија е најдена кај вработена во „Димо Хаџи Димов“

Андоновска: Бактерија е најдена кај вработена во „Димо Хаџи Димов“

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска попладнево изјави дека во носот на една вработена најден е Стафулококус ауреус, во однос на труењето со храна во „Димо Хаџи Димов“. 

Таа потенцира дека на три чешми се најдени бактерии од групата Ентеробактериаце грам-негативна бактерија. Кај едно од децата засега е најден норовирус.

Андоновска информира дека досега имаат 29 пријави и плус една наставничка која се пожалила на стомачни тегоби. Кажа дека во Детската клиниката се сместени пет деца, а денеска се донесени плус две деца. Информира дека сите деца се во добра здравствена состојба и се стабилни.

Таа информираше дека по координација со Центарот за јавно здравје разговарале дека постојат епидемиолошки индикации за вонредна дезинфекција во училиштето и тие веќе се подготвуваат и екипа од ЦЈЗ ќе изврши вонредна дезинфекција во училиштето најбрзо што може.

Слично

Поврзани вести