Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андоновска: Директорите се разрешени врз основа на реваншизам

Андоновска:  Директорите се разрешени врз основа на реваншизам

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека последната одлука за која денеска дозна јавноста со која се разрешени 33 директори на клиники, болници и здравствени домови е удар врз целокупниот здравствен систем во државата.

Вели дека тие се разрешени без основа и целосно спротивно на законот, што говори дека не е направено врз некој вредносен систем или било какви критериуми. Смета дека тоа е направено само врз основа на реваншизам и слепа омраза од страна на власта. 

„Оваа одлука ќе предизвика дисторзија на целиот здравствен систем и ќе доведе до намалување на капацитетите на овие здравствени установи, а со тоа и директна штета на граѓаните“ - вели Андоновска.

Предупреди дека ваков потег може да има несогледливи последици и штети, затоа што професионалните капацитети и функционалноста на елементите од здравствениот систем се директно под удар.

„Откако го разрешија директорот на кардиологија докажаниот и реномиран експерт од таа област Сашко Кедев, откако им се случи епидемија од најслаб облик хеморагична треска со две човечки жртви, за само 50 дена гледаме уште еден огромен скандал од ова Министерство“ - вели Андоновска.

Таа наведе дека за целокупната негрижа, неодговорност и неспособност на СДС набрзо ќе следи политичка одговорност.

Слично

Поврзани вести