Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андонов: Kриминална или криминално политичка пресметка полицијата ќе истражува

Андонов:  Kриминална или криминално политичка пресметка полицијата ќе истражува

Заменик министерот за внатрешни работи, Оливер Андонов денеска од Битола за уличната престрелка во Ѓорѓе Петров рече дека лицето е познато на полицијата по неговите криминални активности. 

Вели дека првичните сознанија кои ги има полицијата насочуваат кон тоа дека се работи за некаква пресметка. 

„Дали тоа ќе биде чисто криминална или криминално политичка пресметка со оглед на профилот на лицето кое учествувало во неа, допрва полицијата ќе истражува. Врз лицето е извршен оперативен зафат, се надеваме дека ќе преживее , па по неговото враќање во контактибилна состојба веројатно ќе можеме да добиеме и повеќе конкретни податоци за тоа што се случува“ - изјави Андонов.

Сообраќајната несреќа се случила 10 минути по полноќ на булеварот „Партизански одреди“ кај поликлиниката „Букурешт“, во која се превртил автомобил „голф“, а од него било извлечено лице рането со огнено оружје. Четириесет и пет годишниот Д.Т. бил однесен во болница со три прострелни рани.  Тој  изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонска жардиниера, по што возилото се превртело. 

Андонов изрази загриженост дека за време на изборите можно е да има инциденти. 


Слично

Поврзани вести