Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андонов: Спасовски и Јанева подготвуваат „деструкција“ во МВР

Андонов: Спасовски и Јанева подготвуваат „деструкција“ во МВР

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов денеска го обвини Специјалното јавно обвинителство, ги обвини актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Специјалната Обвинителка, Катица Јанева подготвувале терен за удар во МВР при што не воделе сметка за конфронтација за единиците во министерството. За загревање на тензијата, тој посочи дека била злоупотребена единицата Алфи. 

- Дојдовме до една вистина што ја гледаме подолго време, а се работи за покривање на неспособноста на СЈО, нивната непрофесионалност и неподготвеност за извршување на сопствените задачи и покривање на недостатокот од аргументи за нивните две последни обвиненија кои денеска ги претставија. СЈО со ова сакаат да ја подигнат тензијата во Македонија, а посебно во МВР. Јас ги уверувам граѓаните дека нема простор за такво нешто,

институциите се подготвени за соработка со СЈО, меѓутоа Јанева треба да знае што сака, што бара и да дојде подготвена во законски рамки да го добие она што сака да го добие, истакна Андонов.

Андонов рече дека вчера пред да се појави во УБК, Јанева поминала неколку часа на состанок кај министерот Оливер Спасовски, „за да ја подготват деструкцијата во МВР“.

- Приватните забави на Јанева и на Спасовски се нивна работа и можат да ги прават во нивни простории, а не во МВР. Јанева обезбеди судска наредба дури по 16 часот и тогаш ѝ беше дозволен влез во просториите на МВР. А зошто беше употребена единицата „Алфа“, дали тоа беше за да се предизвика одговор од некои други единици, да се предизвика тензија или пуч во МВР, рече Андонов.


Слично

Поврзани вести