Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андонов: СЈО го прекина клучниот случај „Пуч“ за сега да уништи еден политички систем

Андонов: СЈО го прекина клучниот случај „Пуч“ за сега да уништи еден политички систем

Доколку СЈО сакаа да откријат, а мораше тоа да го сакаат и да го направат, кој прислушувал, за чии потреби и за чии цели, требаше да го тераат обвинението Пуч за Заев до крај, рече во „Аргументи“ на ТВ Нова политичкиот аналитичар Оливер Андонов.

Според Андонов, тоа ќе ги разјаснеше работите и ќе можеше да се утврди дали во прислушуваните материјали постојат елементи на сторено кривично дело, кој и зошто ги монтирал, за чии цели и со која намера.

Еднодневниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов смета морало да се открие дали  дали во прислушуваните материјали постојат елементи на сторено кривично дело, кој и зошто ги монтирал, за чии цели и со која намера, без оглед што експерти потврдија дека снимките се автентични и најверојатно создавани внатре во УБК.

„Вака дојдовме до крајната намера, а тоа е уништување пред сѐ на системот во Р. Македонија, како политички систем, бидејќи се уништува една од политичките партии, тоа е отворен атак за уништување на една од политичките партии, дел од новинарството, дел од судството, граѓани се опфатени во тие обвиненија… Така што ова е всушност почеток на владеење на режим“, вели Андонов.

Политичарот обвини дека дури сега народот ќе бидел што значи владеење на режим ако се продолжело со уништувањето на ВМРО-ДПМНЕ како партија иако засега постапки се водат само против раководството пред македонските правосудни органи.

Слично

Поврзани вести