Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андонов: Да сакаше Чавков државен удар ќе го направеше додека протестираа „Шарените“

Андонов: Да сакаше Чавков државен удар ќе го направеше  додека протестираа „Шарените“

Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ  вечерва на протестот  пред Кривичниот суд во Скопје рече дека ги апсат луѓето само затоа што си ја сакаат татковината. 

„Од утре сите да дојдете да покажеме дека силата е во народот. Нема да нѐ скршат. Даваме поддршка за сите што беа уапсени. Да сакаше Чавков државен удар ќе го направеше тоа додека протестираа „Шарените“.  Единствена грешка им е што не го приведоа аболицираниот криминалец“- рече Андонов.

Андонов вели дека Заев еден ден ќе одговара пред македонскиот народ за она што ѝ го направи на Македонија. 

Меѓу присутните на протестот беа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Коце Трајановски и Влатко Ѓорчев.

ВМРО-ДПМНЕ во знак на револт од апсењето на нивни пратеници и членови ќе блокира крстосници во главниот град. 

Слично

Поврзани вести