Андон Чибишев побара кинеските државјани задолжително да се тестираат
Андон Чибишев, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник, побара од здравствените власти да воведат задолжително тестирање за кинеските државјани кои престојуваат и транзитираат низ Македонија по примерот на некои европски држави.
„Голем број на европски држави воведуваат задолжителен Ковид тест за кинеските државјани. Ние како и секогаш глумиме гостопримство. Само будалите истата грешка ја прават два пати“, напиша професорот од Клиниката за токсикологија на својот профил на Фејсбук.
Во меѓувреме има експлозија на ковид-19 во Кина, додека земјата ги укинува драстичните мерки за борба против инфекцијата. Тоа може да создаде „потенцијална почва“ за појава на нови варијанти, предупредуваат научниците и лекарите.
