Андон Бошковски за ковид и респираторот: Вие лежите, а друг дише за вас, се молите да дојде денот кога сам ќе земете воздух
Андон Бошковски, ракометен тренер, за Канал 5 ја раскажа својата приказна како ја водел и како ја добил битката со Ковид 19, пред околу еден месец.
Бошковски, како што јави Канал 5, е еден од дестината кој успеа да биде симнат од респиратор. „Вие лежите, а друг дише за вас. Тогаш се молите да дојде денот кога повторно сам ќе земете воздух“, раскажал тој.
„Добивав инфузии, нон стоп, наутро и навечер, како и озон. Јас не стигнав да добијам таков респиратор, од оние што ги викавме на втори кат, туку ова што го добивав јас е опасна инфузија, која многу помогна, значи во првата недела. Во првата недела бев целосно аут, после се смени и се уфрли кослород“, рече Бошковски.
На одделот каде што лежел си помагале и се бодреле, но за жал, многумина починале на респиратор. Вели дека ковидот е тежок, бидејќи во еден момент сте добри, а во друг веќе не сте свесен дали е дење, дали е ноќе. Се борел долги четири недели.
Смета дека имал голема среќа, а сега е благодарен на целиот тим од ГОБ „8 септември“. Тие 24 часа со маски и скафандери се бореле за животите на пациентите. Вели дека дале натчовечки напори и треба да им се симне капа до земја.
Се уште има лузни на белите дробови, што се покажало на последниот преглед.
