Анчевска, инструктор за бизнис психологија: Инвестирајте во вашите лични вредности
Чувството на припадност не значи да се прилагодувате или да ги задоволувате другите само за да се чувствувате безбедно. Припадноста бара од нас да бидеме ранливи, да излеземе од зоната на комфорот, да научиме да бидеме со луѓето без да се жртвуваме себе си и она што го вреднуваме. Вистинската припадноста е креација на живот со диво срце. Срце кое што сака искуства, емоции, предизвици, соочувања, многу љубов и радост! Да припаѓате значи да бидете онаму каде што сакате да бидете- вели за Фактор, Марина Анчевска, основач на Центарот за бизнис психологија, тренер и мотиватор за светски признатата метода невролингвистичко програмирање.
Голем дел од Македонците, според неа се насочени кон преживување. За да се излезе од тој стил на живеење смета дека е потребна трансформација. Но не само структурна, на ниво на држава, туку и лична трансформација.

“Нам ни недостасува смисла. Кога човекот ќе ја изгуби смислата тогаш ги губи самодовербата и ентузијазмот. Сето тоа влијае на секојдневното однесување. Многу луѓе чувствуваат незадоволство, мислејќи дека се немоќни да направат промена. Брзо се предаваат и за да си го оправдаат својот живот од кој што не се задоволни, постојано се заплеткуваат во разно разни изговори. Оние пак, кои што имаат финансии, а не инвестираат во себе, не го прошируваат својот хоризонт на нови знаења, всушност не се заитересирани за колективниот придонес и развој и на тој начин и тие пасивно влијаат на колективната свест”- додава Марина.
Луѓето како што вели се отуѓија од самите себе и како резултат на тоа се отуѓија еден од друг. Немоќни да ја креираат радоста во себе, незадоволството го искажуваат во надмоќ кон другите.
“Очигледно е дека ние не учиме брзо и не сме решителни да направиме драстични промени, бидејќи премногу сме насочени надвор од себе, постојано во исчекување дека друг треба да ја креира промената во самите нас. Ретко се прашуваме што е причината што се наоѓаме во оваа состојба? Што е тоа што можам јас да го сменам во мојот живот за да креирам промени и на колективно ниво? Повеќето Македонци ги изгубија позитивната енергија и вербата. И нив упорно ги бараат кај другите, ги бараат од општеството, од околината истовремено плукајќи по се и сешто дека сите други се криви за нивниот живот. Се се сведува на задоволување на ниски страсти, на моментални задоволства. Истите предизвикуваат чувство на љубомора, завист и желба да се понижи другиот, со цел само на кратко да се почувствува моќ.Ова однесување го гледаме насекаде. Се нема почит кон луѓето, кон природата кон она од каде што сите доаѓаме, од една иста целина. Сето ова однесување нема врска со парите. Има и луѓе, на кои што им се задоволени сите материјални потреби и сеуште немаат човечност” – смета Марина.
Меѓутоа како што вели интересно е да се филозофира од каде доаѓа сето ова? Кога ќе се фрли поглед од страна, вели дека граѓаните немаат јасен бизнис план или пак истиот не е соодветен на реалната ситуација.

“За да може една организација да функционира долгорочно, најпрво потребно е да се креира смислата т.е. мисијата на нејзиното постоење. Што е тоа што организацијата ќе го прави и со нејзиното постоење ќе има влијание во поголемата слика? Што е целта на формирањето на организацијата и по што ќе биде препознатлива? Мисијата го креира идентитетот, а од него произлегуваат вредностите и верувањата.Што ни е нам вистински важно и вредно? По што сакаме да не препознаваат? За што го правиме тоа што го правиме?Најважно нешто кое што секој од нас е потребно да го разбере и да го освести, е дека ние ја креираме државата. Ситуацијата во која што се наоѓаме било да е економска, политичка или која е да е, е наша креација”- вели Анчевска.
Таа е НЛП тренер, мотиватор, јавен говорник, јога учител и писател. Секојдневната комуникација со граѓаните ја користи за пренесување на позитивни искуства на светски признатата метода, која ја изучува структурата на субјективното доживување. Оттука вели не е важно за што размислуваме, туку како ги креираме размислувањето и однесувањето и како тие дејствуваат врз нашата емотивна состојба.
“НЛП
метода- Невро се однесува на тоа како ги процесираме информациите т.е како
размислуваме. Лингвистичко – како го искажуваме внатрешниот свет во зборови.
Јазикот не е доживувањето, туку само репрезентација на доживувањето.Програмирање
– збир на обрасци кои што го креираат однесувањето и ги подредуваат нашите
акции за да ги постигнеме целите.2017 беше исклучителна година, предизвикувачка на
секое поле. Промените не се ниту позитивни, ниту негативни. Туку едноставно,
тие се само промени. Како резултат на
природната еволуција, промените се дел од животот. Животот е процес кој што е
во постојано движење. Единствена опција која што ја имаме е да се развиваме и
менуваме. Универзумот му подарил огромни подароци на човекот, меѓу кои
најзначајни се:“Изборот да размислува, да биде свесен, да живее со сопствената
мисла, да чувствува што посакува, што му е потребно, да сака и да биде тоа што
сака да биде”- додава инструкторката за бизнис психологија.
Прашањето вели е што научивме од
промените и што ќе направиме поинаку за да го подобриме квалитетот на живеење?
Истото како што вели важи и во организацијата. Ниту една организација нема да постои доколку
ги нема луѓето. Македонија постои затоа што луѓето живеат во неа.Од нивниот
ментален склоп смета дека зависи како ќе
се развива истата.

“Политиката
ја креираат луѓето, а не тие неколкумина назначени. Доколку вашиот живот
целосно го препуштите во рацете на другите и имате очекување дека тие треба да
ве направат среќни, целосно сте ја утнале поентата на животот. Земјата ни е
дадена, а светот во кој што живееме, го креираме ние самите! Дали припаѓате
таму каде што сте? Дали имате чувство на припадност? Една од причините зошто
многу луѓе си заминуваат од една организација, од државата е затоа што повеќе
намаат чувство на припадност. Тоа чувство креира вредности, а вредностите се
стандарди по кои што мериме.Од каде почнува се? Од вашите стандарди! Вие
одлучувате по кои стандарди ќе го вреднувате вашиот живот и кон кои ќе се
стремите.
Доколку постојано се жалите како другите ве прават несреќни, како не зависи од
вас и задоволни сте дека сепак можете да преживеете, вашите стандарди се ниски.
Вашето однесување нема да биде насочено кон промена и превземање на одговорност
туку кон постојано барање на изговори.Доколку вашите стандарди се добри, ги
имате задоволено вашите примарни потреби, значи дека живеете просечен живот”- вели Анчевска.
Според неа одлични стандарди креираат високи вредности и верувања дека може да се живее надпросечно.
“Замислете
си каков би бил вашиот живот доколку си поставите извонредни стандарди?
Оние кои што живеат според овие стандарди се препознатливи по својот идентитет
и ја живеат својата мисија. Свесни за колективната поврзаност, целосно ја
превземаат одговорноста во свои раце и за нив не постојат изговори. Какви
стандради има поставено Македонија? По што сакаме да не препознаваат? По народ
кој што преживува, нација која што е просечна, земја која што живее според
одлични стандарди или пак ќе се движиме кон извонредноста? Време е да го
прошириме умот, да ја зголемиме сликата!Животот се случува сега и овде. Секој од нас е на
своето херојско патување. Сите ние заедно сме на колективно херојско патување.Дали
ќе останете во познатата зона или ќе се впуштите во потрага кон нови искуства и
знаења, зависи од самите вас. Темната пештера е дел од трансформацијата. Во неа
секогаш се соочувате со самите себе. Се додека не најдете начин да ја осветлите
пештерата, вие ќе останете во темнината”- нагласува Анчевска.
Животот според неа ги наградува оние кои што преземаат акција. Оние кои што наоѓаат начин како да бидат подобри, похумани, порадосни, да бидат повеќе човек. За 2018 година терба секој поединец да си постави извонредни стандарди и да се движи кон креирање на долгорочни задоволства преку кои ќе се најде смислата на поставените цели за да се креира мотивација и ентузијазам за нивно остварување.
“Животот не треба нас да ни даде шанси, здравје, богатство и среќа, туку е обратно. Ние сме тие кои што на својот живот ќе му дадеме повеќе здравје, преку нашето дејствување ќе креираме повеќе шанси, на светот ќе му дадеме повеќе радост и човечност.Започнете да се движите. Отворете ги широко очите и погледнете го својот живот, слушнете го и почувствувајте го светот околу вас. Започнете го вашето херојско патување. Направете некоја промена која што ќе ви донесе радост во вашиот живот. За да креирате долгорочно задоволство неопходно е да ги надминете краткорочните болки: да станете порано, да вежбате, да го негувате своето тело, да прочитате книга, да шетате во природа и сл.Престанете да се задоволувате со краткорочни задоволства (алкохол, цигари, телевизија, интернет и сл.) и на тој начин да чувствувате долгорочна болка: да се критикувате себе си, другите и околината.За секоја ваша навика запрашајте се дали ве води кон долгорочна болка или кон долгорочно задоволство?
Престанете со изговорите дека немате време, пари и енергија. Не ги трошете вашето време и пари, не ја расфрлајте вашата енергија. Почнете да инвестирате време, пари и енергија за да ги подигнете вашите лични вредности”- потенцира Анчевска.
На прагот на Новата 2018 година им порачува на граѓаните секој да верува во себе но и во другите.
“Насмевнете
му се на некој непознат, помогнете му на некој на кој што сте му потребни.
Промената започнува со човекот во огледалото. Дали вие кога се гледате во
огледало можете да си кажете себе си целосно “ДА” на вашиот живот? Дали си
припаѓате себе си?Не заборавајте дека животот го красат малите нешта. Не се
потребни скапи лампиони за да ја украсите вашата елка. Магијата ја има насекаде
околу нас. Само оние кои што веруваат во неа, ја чувствуваат. Од денес
започнете со промени. Инвестирајте во себе, раздвижете го телото,
трансформирајте ги емоциите и фокусирајте се кон смислата на сето она што го
правите.
Никакво значење нема да има моќта на мислата, што ни е подарена од Универзумот, се додека размислувањето и знаењето не ги преведеме во акција. Не мора да чекате да дојде јануари и да ги започнете вашите промени. Можете да започнете веднаш!”- порачува менаџерката за бизнис психологија, Марина Анчевска.
С.Б.