Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНБ: Луѓето што се обидоа да ја опожарат синагогата во Скопје поврзани со Исламска држава

АНБ: Луѓето што се обидоа да ја опожарат синагогата во Скопје поврзани со Исламска држава


Агенцијата за национална безбедност (АНБ) информира дека лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје, имале логистичка мрежа и припаѓале на радикална групација идеолошки надоврзана на глобалната мрежа на Исламска Држава.
Тие почнале да преземаат радикални и криминални активности непосредно по повикот на Исламска Држава на почетокот на април, велат од АНБ. Според информации на „Слободен печат“ од доброупатени извори, станува збор за лица од скопската населба Скопје Север.

АНБ согласно своите надлежности презеле оперативно-технички и аналитички мерки и активности со цел идентификување на мотивите и непосредните извршители на обидот за опожарување на објектот на Еврејска заедница во Скопје.

Во таа насока од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности. Во соработка со ОЈО за ГОКК и МВР на 30 април годинава беше спроведена акција за лишување од слобода на лица и претреси на објекти со цел ефектуирање на кривичен прогон и елиминирање на идни активности на терористичката групација. АНБ останува посветена на планот на превентивно делување и попречување на ризици и закани по националната безбедност преку навремено обезбедување на информации и преземање на активности во соработка со други надлежни институции од земјава, велат оттаму.


Слично

Поврзани вести