АНБ ДЕМНАТИРА: Нема апсења на вработени, тие работно може да контактираат со криминалци и екстремисти
Агенцијата за национална безбедност попладнево демантираше дека имало апсења или инволвираност на вработени на АНБ, изнесени во текот на вчерашниот ден во повеќе медиуми. Тврдат дека не е точно дека било кој од вработените на Агенцијата е ангажиран како истражител на Јавното обвинителство согласно член 50 од Законот за кривична постапка.
„Постапувајќи согласно одредбите од член 287 од ЗКП Агенцијата овозможи пристап и увид до сите барани податоци од страна на судот во претходна постапка при што неспорно се утврди дека не постојат никакви податоци или документи кои би можеле да упатат на било каква инволвираност на вработени во АНБ во случајот. Напоменуваме дека припадниците на безбедносните служби постапувајќи во рамките на своите работни обврски, покрај останатото може да остваруваат контакти и со поединци од криминални, екстремистички и терористички средини и за истите согласно подзаконските и интерни акти постојат оформени службени материјали. Од тука, изјавите и обвинувањата на таквите поединци треба да се примаат со должна резерва и да се утврди нивната веродостојност од страна на сите со закон утврдени институции што за жал во оваа постапка не беше случај, соопштуваат од АНБ.
Додаваат дека апелираат на особена внимателност и претходна проверка при комуницирање на класифицирани податоци кон јавноста со оглед на тоа што ракувањето со информациите од областа на националната безбедност е регулирано со Законот за класифицирани информации
