Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анастасиевски за пресот на Тасева: Беа изнесени паушални информации кои служат единствено за дефокусирање

Анастасиевски за пресот на Тасева:  Беа изнесени паушални информации кои служат единствено за дефокусирање

Во однос на одржаната прес конференција на Слаѓана Тасева, сакам да ја информирам јавноста дека повторно беа изнесени паушални информации кои служат единствено за дефокусирање од фактичката состојбa. 

Ваквите постапки се директно мешање и медиумски притисок на водењето на стечајната постапка.

Планот за реорганизација е доставен во законски предвидениот рок, а стечајниот судија треба да постапи согласно Член 235 од Законот за стечај.

Јас како стечаен управник сум должен согласно член 225 да се изјаснам по поднесениот план за реорганизација. Слаѓана Тасева кога веќе го цитира моето изјаснување по поднесениот план за реорганизација, требала тоа да го направи во целост, а не да си зема за право да манипулира со текстот со пренесување на селективни и делумни информации со цел да ја испревртува вистината.


Стечаен управник

Мирослав Анастасиевски

Слично

Поврзани вести