Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анастас Вангели: Трамп е непредвидлива личност!

Анастас Вангели: Трамп е непредвидлива личност!

За Анастас Вангели, докторанд на Високата школа за општествени истражувања при Полската академијата на науките  Хилари Клинтон е „ јастреб “ која успеа да го придобие и неконзервативното крило на Републиканците од времето на Буш.  Доколку Клинтон влез во Белата куќа таа ќе води про-активна надворешна политика.  Во однос на Доналд Транп,  Вангели смета  дека се работи за непредвидлива личност  и доколку тој стане претседател  има потенцијал да влијае на стабилноста на САД и светот.

 Подготви Горазд ЧОМОВСКИ

Се чини дека во американскиот мејнстрим постои широк консензус дека Хилари Клинтон е подобра (или помалку лоша) опција, така што во случај на победа на Трамп ќе видиме голем шок и неверица во медиумите. Најголемиот дел од анкетите ја фаворизираат Клинтон, но адутот на Трамп се скриените гласачи и оние кои обично не гласаат. Во моментов додека разговараме, стигнуваат првите вести за преброени гласови – Трамп води, но во државите каде што се очекуваше да победи, така што тоа не кажува ништо. 

Она што е впечаток на секои американски избори е дека САД иако најголема демократија во светот, има многу дискутабилен изборен модел и огромен број проблемисо одржување регуларни избори, што впрочем е потврдено и во извештаите на ОБСЕ.

Хилари Клинтон е „Јастреб,“ а на овие избори зад себе го придоби и неоконзервативното крило на Републикаците од времето на Буш. Доколку Клинтон победи, таа ќе води про-активна надворешна политика, и за очекување се нови маневри на САД на Блискиот Исток, уште поголема конфронтација со Русија и потенцијално ескалирање на тензиите во Пацификот. 

Трамп е непредвидлив, а впечатливо е што тој е еден од ретките кандидати кои флертуваат со изолационизам и споделена одговорност меѓу различните светски сили. Но, пореди неговата појава и реторика, и особено идеите за ревизија на светскиот економски поредок, неговата евентуална победа има потенцијал да влијае на стабилноста на САД и светот, но за сега тешко е да се предвиди во кој правец би се движеле настаните.


Слично

Поврзани вести