Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНАЛИЗИ НА ВОДАТА, ВОЗДУХОТ И ПОЧВАТА: ИЈЗ објави каква е состојбата во Трубарево

АНАЛИЗИ НА ВОДАТА, ВОЗДУХОТ И ПОЧВАТА: ИЈЗ објави каква е состојбата во Трубарево

Според Институтот за јавно здравје(ИЈЗ), деталните анализи на воздухот, водата и почвата од околината на опожарениот објект во Трубарево не покажале зголемени нивоа на радиоактивност. 

Стручен тим на ИЈЗ, во координација со Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за здравство, спровел вонредна контрола и земал примероци од воздух, вода од водоводната мрежа, бунари и бари, како и од почвата во околината на фабриката.

Резултатите од анализите покажуваат:

Воздух и вода: Вредностите на јонизирачко зрачење се во рамки на нормалните референтни граници, без отстапувања.

Тешки метали во вода: Не е регистрирано отстапување во содржината на тешки метали. Забележан е единствено индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода, за кои од ИЈЗ наведуваат дека имаат друго потекло.

Почва: Анализата на примероците за присуство на радионуклиди (Радиум-226, Ториум-232 и Калиум-40) потврдила дека нема зголемена радиоактивност и сите вредности се во согласност со законските прописи.

Дополнително, тимот за радијациона заштита извршил дозиметриски мерења на шест локации во кругот на фабриката, вклучително и на влезот од опожарениот магацин. На ниту едно место не било утврдено зголемување на радијацијата, а измерените вредности се во границите на природниот фон на зрачење.

Од Институтот за јавно здравје најавија дека резултатите од последната анализа – за присуство на тешки метали во почвата – ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести