Анализа: Најмногу вести за „Вакцина против Ковид-19“ објави Македонија
ТОП 150-те медиуми од регионот објавиле
вкупно 422,693 вести во јануари 2022 година, вклучувајќи: политички,
економски, социјални, забавни, спортски, колумни, култура, регионални и
глобални вести, стои во анализата на „Пикаса Аналитикс“
Во просек, дигиталните медиуми во овие земји создаваат по 93 вести секој ден,
каде пет статии се поврзани со вакцината против Ковид19.
Најголем удел на вести поврзани со темата „Вакцина против Ковид-19“ е забележан во Македонија (8,1% од 51,558 статии), а најмал удел е забележан во Србија (4% од 133,603 статии).
Меѓутоа, во јануари евидентно е наглото намалување на
вакцинацијата во Србија, за време на медиумската сага „Новак Ѓоковиќ -
Австралија Опен“ (помеѓу 05-ти и 17-ти јануари).
Во овој период, активноста и реакциите на дигиталните медиуми поврзани со
вакцината против „Ковид-19“се зголемија за дури 3,5 пати, достигнувајќи пик од
преку 30,000 реакции на 10-ти јануари, кога Ѓоковиќ по судска одлука го напушти
хотелот за карантин. Во истиот период, дневните стапки на вакцинација
во Србија паднаа на историски најниски бројки и забележаа
просечно намалување од -72% во споредба со декемвриските просечни
стапки во Србија.
Целата анализа „ Како влијаат вестите на вакцинацијата“ на следниот линк
