Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНАЛИЗА НА СТРАТФОР: Владата во Скопје бара што е можно поголема надворешна поддршка

АНАЛИЗА НА СТРАТФОР: Владата во Скопје бара што е можно поголема надворешна поддршка

Новата Влада на Македонија работи на подобрување на односите со соседите и за развивање на поблиски врски со Западот, се вели во анализа на американската компанија Стратфор.

Наоѓајќи се во деликатна политичка ситуација во земјата, Владата во Скопје што е на власт само од два месеца, бара што е можно поголема надворешна поддршка, се наведува во анализата. 

„Во јуни македонскиот министер за надворешни работи,  Никола Димитров се сретна со својот грчки колега, за да разговараат за можните решенија на нивниот билатерален спор. Атина не го признава името на Македонија од страв дека тоа може да ја натера Македонија да остане на  тврдиот став дека тоа е само  грчки регион со истото име. Во јули македонскиот министер за одбрана ја посети Албанија и вети дека ќе ја зајакне соработката меѓу Скопје и Тирана. Во Македонија има големо малцинство од етнички Албанци (околу една четвртина од населението), а Тирана  го обвинува Скопје за дискриминација на етничките Албанци во области како образованието и работните места во јавниот сектор. Потоа, на 1 август Македонија и Бугарија потпишаа договор за пријателство, во кој се откажуваат од своите територијални претензии една кон друга. Договорот беше резултат од речиси двасет годишни преговори. Овие потези се поврзани со внатрешната ситуација во Република Македонија“ - стои во анализата. 

Се наведува дека политичките услови во Македонија остануваат топли. 

Се спомнува дека Македонија е сиромашна земја, но дека премиерот Зоран Заев се стреми да ја внесе во ЕУ и НАТО, за што бара поддршка. Во анализата се наведува и дека имаше напад во Собранието, при што пратеници беа повредени. 

Слично

Поврзани вести