Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНАЛИЗА НА ИФИМЕС: Maкедонија станува локомотива на надеж во регионот

АНАЛИЗА НА ИФИМЕС:  Maкедонија станува локомотива на надеж  во регионот

Во анализата на меѓународниот институт ИФИМЕС објавена денеска пишува дека промената на режимот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ е силен мотив за демократските сили во регионот. 

Се наведува дека повеќето од земјите во него имаат автократски и во многу аспекти недемократски влади во кои доминираат криминалот, корупцијата, непотизмот, заплашувањето и неслободните медиуми. 

Се додава и дека аналитичарите сметаат дека од суштинско значење е Македонија да стане 30. полноправна членка на НАТО, а сè дотогаш Србија и Русија ќе работат интензивно за дестабилизација на оваа земја, која полека станува локомотива на надеж и на позитивни процеси во регионот на Западен Балкан. 

„Лидерството бара одговорен однос кон државата, кон граѓаните и прифаќање не само на нивната македонска етничка заедница, но и на другите етнички заедници и нивните преставници во Македонија (Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Торбеши…). Тоа му успеа на Заев, кој е нов на политичката сцена во регионот и дава нова димензија и надеж за подобра иднина не само за Република Македонија туку и за регионот. Западните земји направија грешка толерирајќи ги недемократските и авторитарни режими во земјите од Западен Балкан ставајќи ја во фокусот безбедноста наместо демократијата. Македонија може да биде поучен пример за да се поправат грешките од минатото бидејќи демократијата мора да биде пред сè, бидејќи сите развиени западни земји се првин демократски и со развиена приватна сопственост и иницијатива за разлика од економски уништените и пропаднати држави од Западен Балкан, што ги уништија политички и криминални структури“ - стои во анализата.  

Се наведува и дека режимите во регионот се плашат од граѓанското движење и проект „Вистината за Македонија“ бидејќи е неизбежно соочувањето на демократијата и граѓаните со омразените режими и нивните носители. 

Слично

Поврзани вести