АНАЛИЗА НА ФАЈНЕНШЛ TAJMС: Чувствителниот Балкан може да се дестабилизира
Предупредувањата на балканските лидери кај аналитичарите предизвикува страв дека неуспехот да се придружат на европскиот блок, би можел да го дестабилизира геополитички чувствителниот регион на Западен Балкан во кој расте влијанието на другите земји, меѓу кои се Русија и Кина, пишува Фајненшл тајмс.
Северна Македонија и Албанија се соочуваат со ризик од зголемен национализам и застој во реформите, затоа што ЕУ со години им ги затвора вратите за приклучување кон Унијата, наведува во анализата Фајненшл Тајмс.
Пишува дека македонскиот премиер Зоран Заев изјавил дека стравува од враќање на „лошото минато“ во неговата етнички поделена земја, додека албанскиот премиер Еди Рама изјавил дека неговата земја ризикувала да стане „колатерална штета“ поради поделеноста за прашањето за проширување на ЕУ.
Рама и Заев, кажаа дека ја разбираат загриженоста на земјите-членки на ЕУ што ги блокираа преговорите затоа што сакаат блокот да се реформира заедно со неговите политики за проширување.
Читајте уште
„ФТ“ открива во кој случај Франција би го укинала ветото на Македонија за ЕУ
