Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ана Петровска: Казната од 20.000 евра за оранжеријата е највисока за оваа година

Ана Петровска: Казната од 20.000 евра за оранжеријата е највисока за оваа година

Ана Петровска, директорката на Државниот инспекторат за жќивотна средина, на денешната прес-конференција меѓудругото рече дека казната од 20.000 евра за оранжеријата која неодамно беше санкционирања за испуштање мазут во Вардар е најголема за оваа година.

- Највисоката казна е 20.000 евра за оранжерија во Градско. Државен инспектор добил пријава дека е излеан мазут во Вардар. Постапил по пријавата а потоа го елиминирал  изворот одејќи од шахта до шахта согледувајќи го сите испусти. Оранжеријата од небрежност го излеала мазутот, тоа е најсвежата казна, рече Петровска одговарајќи на новинарско прашање.

Инспекторатот на крајот од минатата недела објави дека за оранжеријата АД Вардар е изречена казна од 20.000 евра за загадување на површински води, согласно Законот за води. По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги истражи можните извори и утврди дека излевањето потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско. Според информациите, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви.


Слично

Поврзани вести