Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ана Петровска: Без поддршка од Владата, Морачанин немаше да може да ме отстрани

Ана Петровска: Без поддршка од Владата, Морачанин немаше да може да ме отстрани

Ана Петровска, доскорешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина, вели дека претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, немало да успее да ја разреши само со инсистирање, доколку за тоа немала поддршка од Владата, по внатрепартиските пресметки во партијата која е дел од владеачката коалиција.

– Дека сум „персона нон грата“ во партијата, станав свесна уште лани кога се преговараше за новата коалиција, бидејќи не бев подобна за кадар во Владата. И тогаш претседателката Морачанин на ист начин ми забележуваше за сработеното како и сега. Тоа се нејзини лични перцепции, кои добија поддршка од структури во партијата, но за жал и од Владата, инаку немаше да може да се реализира замислата јас да бидам сменета, без аргументација и без дебата. Ова, како и чистките во државните институции што сега се прават во однос на моите сопартијци кои се мои истомисленици, го доживувам емотивно бидејќи сметам дека тоа не смее да биде принцип на работа на една демократска влада, вели Петровска во денешното интервју за „Слободен печат“.

Таа додава и дека двајца вработени во Архивот на Македонија, кадри на ДОМ, исто така се отпуштени.

– Да, овие брутални пресметки со неистомислениците на претседателката нема да запрат додека не ги елиминира сите „непослушни“ кадри, се прекинуваат договори за работа на оние што се потпишаа на иницијативата за вонреден конгрес и за демократизација на партијата. Сега се удира по нивната егзистенција, денес се задава завршниот удар бидејќи утре веќе се распишуваат локалните избори и потоа целиот процес мора да запре, потврди поранешната директорка на ДИЖС која беше разрешена пред три дена.


Слично

Поврзани вести