Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ана Павловска Данева: Денешните изјави на одредени политичари разгоруваат нетрпеливост и ја слабеат довербата во институциите

Ана Павловска Данева: Денешните изјави на одредени политичари разгоруваат нетрпеливост и ја слабеат довербата во институциите

Професорката Ана Павловска Данева го коментира настанот кој се случи во Охрид, каде три лица истепале едно момче, за што соседна Бугарија бурно реагираше. 

„Во нормални држави започнува истрага која завршува со судска одлука за сторено кривично дело (вклучувајќи го и нанесувањето тешки телесни повреди). Одговорна извршна власт се воздржува од давање политички квалификации за случаи за кои (треба да) следи судски процес. Денешните изјави на одредени политичари не само што разгоруваат етничка нетрпеливост, туку дополнително ја слабеат и онака ниската доверба на граѓаните во институциите. Почитувајте го начелото на сервилна ориентација кон граѓаните, а не на сервилна ориентација кон странски држави!“, пишува таа. 


Инаку, ОЈО објави детали за настанот.  Бугарија упати протестна нота. 

Коментар за инцидентот објави и професорката Мирјана Најчевска. 

Слично

Поврзани вести