АНА ПАВЛОВСКА ДАНЕВА ОТКРИ ДАЛИ ПОЛИТИКАТА ИМАЛА ВЛИЈАНИЕ ПРИ НЕЈЗИНИОТ ИЗБОР ЗА УСТАВЕН СУДИЈА: „Апсолутно секогаш имала влијание“
Уставната судијка Ана Павловска Данева, откри дека политиката секогаш и секаде има влијание при избор на функционери и уставни судии.
На прашањето поставено од адвокатот Јанаки Митровски, дали имала политиката влијание при нејзиниот избор за уставен судија, Данева одговори да.
„Апсоултно секогаш имала и ќе има кога се бираат функционери во собранието. Дали има политиката влијание при избор на врховни судии во Америка? Апсолутно да. Дали има во Германија во Сојузниот уставен суд? Апсолутно да. Во Германија имаат непишана пракса, левичарите нудат денес еден, они сите заеднички го бираат. Следниот кога ќе дојде на ред го даваат десничарите. Еднаш имало преседан, левичарите предложиле човек кој што не им го усвоиле десничарите. Да и кај нас има. Дали мислите дека може да ве предложи политичка партија на власт, владејачка партија а да сте вие припадник, деклариран активист и идеолоки близок до опозициската? - Не може“, вели Данева.
