АНА ГЛИГОРОВА ЖЕСТОКО ДО ВЛАСТА И БИЗНИСОТ: Оставете ги сиромашните работници на мира
Платата ( нето) во Македонија ( вистинскиот просек по медијана и фрекфенција на повторување) е 21 000 ден. ( далеку од просекот 36 000 ден.) а просечната пензија е околу 12 000 ден.( реална) а не аритметичката средина од Државниот завод за статистика -19 000 ден.
Ова на својот фејсбук профил го објави активистката Ана Глигорова.
„Инаку, потрошувачката кошничка е над 50 000 ден. за четиричлено семејство.Заклучок, ни со две ( реални) плати или пензии не може да се преживее месецот. На страна, комунални сметки, превоз, облека, хигиена, ...
Работниците од јавен сектор земале ( право според закон) три месеци неплатен одмор преку лето за да мијат чинии, чистат соби, прават кафе на Јадран. Некои берат овошје во Италија. Го читам вицепремиерот како се поставува над законот обраќајќи им се на овие луѓе со предлог да се вработат во приватен сектор во Македонија каде газдите и менаџерите македонски ќе се изживуваат, ќе уринираат над нивните животи за плата од 21 000 ден. Тие кои отишле да работат, отишле од мака за да ја преживеат зимата, да се раздолжат по лихварските продавници за пари зад кои се сокриени државни функционери бивши и сегашни кримоси, од кои земале луѓето сироти заем за некоја основна потреба а враќаат астрономски виртуели долгови.
Вашиот приватен сектор е една голема лихварница каде владеат змии кои не можете да ги контролирате.
Да се запомни, украдени се од луѓето за време на приватизацијата, антиквизацијата, башибузукот толку многу пари, што криминалците за перење ќе мора да оставаат работа на своите потомци. Оставете ги сиромашните работници на мира, нивен живот нивни одлуки“, пишува Ана Глигорова.
