Ана Глигорова: И на другите чесни во Владата на Заев може да им пукне филмот
Режисерката и борец за социјални права Ана Глигорова му порача на премиерот Зоран Заев дека и на „другите чесни функционери од Владата може да им пукне филмот“ по оставката на заменик-министерот за образование Петар Атанасов и разрешувањето на министерот за финансии Драган Тевдовски.
„Заменик министерот за образование Петар Атанасов, квалитетен кадар, ентузијаст, чесен, со желба за реформи во образовниот систем, едноставно НЕ МУ ДОЗВОЛИЈА да почне да ги реализира своите идеи. Поднесе оставка од функцијата заменик министер.
Драган Тевдовски, министерот за финнсии, несоменено чесен и добра човек, со намера да им помогне на социјално ранливите категории, го тргнаа од министерска функиција. Многу често сум го критикувала за наивните чекори. Сепак, социјалдемократ по убедување, но сместен во змиско тендерашко гнездо не можеше да се снајде.
Ова ли се промените? Па моќните мешетари кои шибицарат со тендери, национализам, закани, тие сеуште се подржани од приватните банки и крупниот капитал.
Вака, на Заев му преостануваат уште неколку чесни луѓе во владата, на кои има шанси наскоро ДА ИМ ПУКНЕ ФИЛМОТ“, напиша Глигорова на својот профил на Фејсбук.
Атанасов вчера објави дека си заминува поради тоа што не можел да ги реализира своите идеи во образованието, додека за Тевдовски одлуката беше објавена в недела а се верува дека неговото отстранување е поради несогласувања околу економските политики во самата Влада.
