AНА ГЛИГОРОВА: Говорот на омраза, отворениот национализам на прославата во Крушево, поттикнува нервоза
Говорот на омраза, отворениот национализам на прославата во Крушево, поттикнува нервоза, страв, несигурност, коментира за Фактор, Ана Глигорова, ТВ режисер, културолог и граѓански активист.
Вели дека Илинден за луѓето во Македонија е симбол за заедништво, непокор и слобода, и тоа е длабоко втиснато во колективната меморија.
„Тешко е да се објасни, да се експлицира комуниколошки, културолошки, социолошки, психолошки, целата оваа кампања за реферндумот кој ни претстои на 30 - ти септември, а започна токму пред прославата на годишнината на Илинденското востание и на Првото заседние на АСНОМ. Од друга страна, актуелната власт сè уште не го објаснила, педантно референдумското прашање. Во ова прашање нема емоции, туку чиста прагматичност. Наместо аналитички и транспарентен одговор за сите нејаснотии околу промента на името, ние имаме позатворен пристап. Затоа, има една нелагодност во воздухот. Таа нелагодност, која некои фашисти ја употребуваат за да профитираат, не е поради промената на името, ние впрочем, постоевме со децении како ФИРОМ, туку поради тоа - МОРА. Зборот - МОРА, предизвикува силна нелагодност. Објаснување треба, јасно, научно и чесно. Не мумлање. Ако цензусот е неопходен, а смета дека е, тогаш кампањата треба да биде во насока на објаснување на добробитот кој луѓето ќе го имаат со прифаќање на Преспанскиот договор. Со неекплицираност од една страна, се буди фашизам од друга страна. Народот е свесен дека нешто треба да се смени, да се излезе од оваа социјална агонија. Бара одговори, не замолчување кое предизвикува нелагодност. Тие кои се повикуваат на правото и Уставот треба да се свесни дека во политиката отстапките, консензусот, непосредната демократија - референдумот, ги менуваат законите“ – вели Глигорова.
Додава дека ако е за добробит и социјална правда, која би следела во наредниот период, треба да се поработи на цензусот, тоест на непосредната демократија од која никој не треба да се плаши.
С.А.